17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкинати вонредните мерки поради расчистувањето на воздухот

Укинати вонредните мерки поради расчистувањето на воздухот

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради намалените вредности на загадувачките материи во воздухот, се укинуваат вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени во средата.

Со тоа, од денес се укинува и бесплатниот превоз во автобусите на јавниот градски превоз, кој ќе се наплаќа според постојната тарифа.

Вонредните мерки и препораки Градот Скопје ги воведе по добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање дека праговите на алармирање на ПМ 10 (200 µг/м3 во 2 последователни дена на две мерни станици и прогноза за стабилна временска состојба) беа надминати на 25 и 26 декември 2017 година.

Од Град Скопје информираат дека овие мерки и препораки ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

И покрај расчистувањето на воздухот поради појавата на ветерот и дождот, Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ-амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво, без примеси од земја и отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП