1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИздадена 16-тата емисија обврзници за денационализација

Издадена 16-тата емисија обврзници за денационализација

Државата денес ја емитуваше 16-тата емисија обврзници за денационализација во износ од 8 милиони евра, информираат од Министерството за финансии.

„Со 16-тата емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 1 февруари 2016 година до 31 јануари 2017 година, за кои како надомест се доделени обврзници“, стои во соопштението.

Тргувањето со обврзниците за денационализација се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

„Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост“, наведуваат од министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП