4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците потрошија 800 милијарди долари за време на празниците

Американците потрошија 800 милијарди долари за време на празниците

Американците потрошија рекордни 800 милијарди долари за време на празниците – од почетокот на ноември, кога започнаа првите попусти во продавниците, до 24-ти декември. Ова го објави „Ројтерс“ наведувајќи ја студијата на „Mastercard“.

Продажбата се зголеми за 4,9%, што е најзначаен раст од 2011-та година. Онлајн продажбата е нешто над 18 отсто повисока отколку во 2016-та година.

Објаснувањето за овој раст е во позитивниот развој на економијата на САД, намалувањето на невработеноста и пораниот почеток на сезоната на намалувања.

Веста доведе до зголемување на цените на акциите на трговците, додека курирските компании како „UPS“ и „FedEx“ се подготвуваат да испорача рекорден број пакети.

Двете компании инвестираа многу пари за модернизација на нивните мрежи, рече „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП