12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата ќе го реши проблемот со колекторскиот систем во Охрид

Државата ќе го реши проблемот со колекторскиот систем во Охрид

Колекторскиот систем во Охрид, кој е долгогодишен проблем за тој регион бидејќи при дождови, во Oхридското езеро течат отпадни води беше тема на денешните пратенички прашања во Собранието, на кој одговараше премиерот Заев.

Тој истакна дека Охрид и Струга должат околу 450 милиони денари кон Министерството за финансии, за што рече, државата има намера да ги преземат тие долгови.

„Ќе го преземеме колекторот. Ќе ја преземеме обврската за реконструкција и надградба. Капацитетот мора да се зголеми, бидејќи ова треба трајно да се реши. Ова е за УНЕСКО, но и поради нас. Се јавија доста донатори, кои сакаат да помогнат. Има грантови од ЕУ, а постојат и мерки односно евтини кредити за овие намени. Тоа е допонително олеснување“, рече Заев.

Заев стои зад тоа државата да им олесни на двете општини, со трајно решавање со цел еколошка и целокупна заштита на Охридското езеро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП