22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавена е изградба на депонии, замена за дивоизградените

Најавена е изградба на депонии, замена за дивоизградените

Во Македонија нема организирана депонија според законите. Летово проблем беа сите депонии во Македонија, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања.

Тој рече дека решавањето на овој проблем не било со градење диви депонии бидејќи тоа не дало резултат.

„Јас и министерот за екологија и локална самоуправа добивме согласност за промена на неколку закони. Законот за цврст отпад, комунални претпријатија и други два, со цел решавање на депониите, односно оваа одоговорност да ја има централната власт. Сите сакаат да се реши ова прашање. На ова не се побуни ниту еден градоначалник. Ние ќе се обидеме без дополнително граѓаните да плаќаат, да обезбедиме инвеститори за изградба на нови депонии. За нас е важно комуналните претпријатија да не плаќаат кога ќе депонираат смет во депонија“, рече Заев.

Тој смета дека ова прашање е горливо и дека бара итно решавање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП