12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадоместокот за дежурство на лекарите се зголемува, ќе земаат 4000 денари за...

Надоместокот за дежурство на лекарите се зголемува, ќе земаат 4000 денари за викенд

Ќе се зголемат платите на лекарите, најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој нагласи дека се обезбедени средства за зголемување на платите за пет отсто на сите здравствени работници во втората половина на 2018 година, како и дополнителен износ на средства за дежурствата за докторите и сестрите во Клиничкиот центар и во сите болници во државата, посебно за хирурзите кои веќе имаат зголемување.

-Дежурство кое сега се плаќа од 900 до 1.340 денари во работен ден ден, од март или април ќе биде платено 2.500 до 3.000 денари, а викенд дежурството кое сега е 2.800 денари или 2.900 денари ќе биде платено 4.000 денари, рече министерот Филипче.

Тој додаде и дека обезбедиле средства за вработување на 348 приватни специјализанти, кои ќе земаат плата во висина на минималната плата гарантирана за општ лекар. За задржување на лекарите во македнија, вети подобри опции за едукација преку соработка со познати универзитетски центри во Европа.

-Во преговори сме со директорот на Фондот за иновации за етаблирање на нов Центар за истражување во рамки на Клиничкиот центар, каде може да се направат научно – истражувачки проекти кои се клучни во едукација на младите лекари, истакна Филипче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП