16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLavazza купи 25% од италијанската видео-платформа Chili

Lavazza купи 25% од италијанската видео-платформа Chili

Семејството, кое стои зад „Lavazza“, има купено малцински удел во „Chili“, италијанска видео-платформа, а меѓу другите инвеститори се „Sony Pictures Entertainment“ и „Paramount Pictures“.

„Lavazza“ има купено околу 25 отсто од „Chili“ за околу 25 милиони долари преку својата холдинг-компанија, велат двете компании.

„Chili“ е основана во 2012-та година и сака да се натпреварува со онлајн музичката продавница на „iTunes“.

Инвестицијата следи по стапките на „Sony Pictures Entertainment“, која во декември 2016-та година купи околу 5% од акциите во „Chili“ за околу 3 милиони евра. Се очекува „Chili“ да оствари приход од продажбата во износ од 30 милиони долари во оваа година, во споредба со минатогодишните 7 милиони долари. Корегираната заработка ќе изнесува околу 3,4 милиони евра, под износот од 6,5 милиони евра во 2016-та година, велат од компанијата.

„Paramount Pictures“, „Viacom“ и „Warner Brothers Entertainment“ веќе поседуваат околу 14% од „Chili“. Тони Миранц, кој во 2010-та година ја продаде видео услугата „Вол-Мад Вуду“, исто така е сопственик на малцински удел. Меѓу другите малцински инвеститори се Антонио Белоне, извршен директор на „LVMH“, Франческо Трапани, поранешен извршен директор на Булгари, и ветеранот банкар Корадо Пасера.

„Chili“ има околу 1 милион корисници и нуди 17.000 филмови и 10.000 епизоди на телевизиски серии.

Благодарение на нејзиниот успех во Италија, компанијата направи меѓународна експанзија, вклучувајќи ги и Велика Британија, Полска и Германија.

„Chili“ е предводена од Џорџо Тачија, поранешни директор во „Disney“ и „Fastweb“. Компанијата продава филмови на барање, како и филмски билети и мрчадајзинг – од облека до постери и книги.

Компанијата има за цел да генерира приходи од 300 милиони евра до 2020-та година, 50 милиони евра прилагодени приходи и 15 милиони корисници, се вели во документот разгледан од „Financial Times“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП