26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 мудри потези на почетокот на кариерата кои подоцна ќе ви се...

5 мудри потези на почетокот на кариерата кои подоцна ќе ви се исплатат

Никогаш не е прерано за планирање на иднината…

Често истакнуваме дека е подобро да жалите за работите кои се случиле, отколку за оние кои не се случиле. Истото тоа важи и за вашата кариера. За да не жалите за работите кои не сте ги направиле, додека сте млади, ви преставуваме стратешки потези кои би требало да ги направите што поскоро, а од кои подоцна сигурно ќе имате корист.

1. Ризикувајте додека можете

Во дваесетите секако полесно е да преземете ризик, отколку подоцна, а не е исклучено ниту тоа да го следите она што ви го кажува срцето. Исто така, сега ќе имате и повеќе слободно време па ќе можете да работите повеќе, а и нема тешки да ви бидат деловните патувања и сл, бидејќи сеуште немате сопствено семејство, кое ве чека во домот.

2. Пристап до другите

Постојат толку работи кои можете да ги научите од оние кои се поискусни и поуспешни од вас. Од тоа како да се носите со тешки ситуации, како најдобро да соработувате со другите, па се до тоа како да напредувате итн. Не се плашете да побарате помош од другите кои веќе имаат искуство.

3. Контакт со луѓето

Останете во контакт со поранешните колеги и останатите луѓе кои ги запознавате на деловниот пат, а тоа денес не е тешка задача покрај сите социјални мрежи. Никогаш не знаете со кого ќе морате да соработувате во иднина, а некој од нив би можел да биде и вашиот следен работодавец.

4. Искористете ја секоја прилика

Овде пред се мислиме на платената едукација, бесплатните семинари и стручните усовршувања, кои ви ги овозможува компанијата. Тоа многу ќе ви помогне да ги усовршите вештините, а сепак нема да ве чини ништо.

5. Бидете достапни

Луѓето треба да знаат кои сте вие: бидете достапни на социјалните мрежи, учествувајте на соодветните платформи и форуми, посетувајте разни настани, дружете се често со деловниот круг. Никогаш не знаете кој може да се заинтересира за вас. Сепак, внимавајте секогаш да бидете пријатни, професионални и паметни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП