20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на Дебар не прифати поскапување на водата

Советот на Дебар не прифати поскапување на водата

Советот на општина Дебар не го прифати барањето на ЈКП „Стандард“ за утврдување на нова тарифа за поскапување на водата.

Советниците со мнозинство на гласови одбија водата во Дебар за домаќинствата да поскапи од 1 јануари 2о18 година од 16,84 денари за кубик колку што е сега на 17,42 денари. Исто така е одбиено барањето за минимално намалување на цените на вода за правните субјекти од 35,54 денари за кубик вода на 34,84 денари.

Дел од советниците нагласија дека новата тарифа и покрај тоа што има минимални промени можно е да влијае негативно во наплатата на сметките за вода.

Директорот на ЈКП „Стандард“, Мазлум Леши истакна дека барањето на согласност за новата тарифа на цените на водата за периодот 2о18 – 2о2о е минимална поради секвкупната состојба на населението кое има бројни социјални проблеми. Тој изрази незадоволство од одбивањето на новата тарифа за која рече дека има минимална промена од нешто повеке од 1 насто во цената и покрај тоа што Регулаторната комисија на централно ниво за општина Дебар дава можност водата да поскапе за нешто повеке од 6 насто.

ЈКП „Стандард“ се соочува со големи финансиски проблеми поради што на вработените не им се исплатени приодонеси за здравствено и пензиско осигурување за над 1о години.

Инаку, Советот на општина Дебар го усвои Буџетот за 2о18 година кој изнесува 317 милиони и 3оо илјади денари, и истиот во споредба со минатата година е повисок за 5 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП