4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВенецуела има наменети 5 милијарди барели нафта за сопствената крипто-валута

Венецуела има наменети 5 милијарди барели нафта за сопствената крипто-валута

Венецуела ќе ги искористи резервите на едно од своите нафтени полиња за да обезбеди своја крипто-валута – „петро“. Ова стана јасно од зборовите на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, цитиран од „АП“.

Полето Ајукучо во областа Ориноко има докажани резерви од 5 милијарди барели, објасни Мадуро. Секој барел на нафта собран во овој регион ќе биде еднаков на еден „петро“.

Претседателот на Венецуела ги објави плановите за создавање на сопствена крипто-валута во почетокот на декември, како начин за справување со „финансиската блокада“ од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Земјата западна во тешка економска криза по падот на цената на нафтата и девалвацијата на локалната валута.

Сега Мадуро откри малку повеќе за неговите планови да излезат од кризата. Тој пред телевизијата „Venezolana de Televisión“ додаде дека ќе бидат ангажирани младите професионалци да „ја добијат“ новата крипто-валута. Во иднина ќе се користат и полињата од рудникот за злато „Арко Минеро“, како и рудниците со дијаманти кои ги поседува земјата.

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), економијата на Венецуела се намали за 16,5 отсто во 2016-та година. Овогодинешната прогноза е за понатамошен пад од околу 12 отсто. Цените на потрошувачите во минатата година се зголемија за повеќе од 254%, а растот во оваа година ќе изнесува 652%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП