15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКој BMW 5 дизел е најидеален? (видео)

Кој BMW 5 дизел е најидеален? (видео)

Иако по откривањето на „дизелгејт“ аферата автомобилите со погон на дизел речиси станаа етикетирани, тие и натаму покриваат огромен дел од автомобилскиот пазар во Европа.

И покрај тоа што повеќето земји воведуваат бројни субвенции за „зелени“ автомобили, бензинците напредуваат кога станува збор за економичноста, а електричните возила во смисла на практичност, дизелите и натаму се значително барани и пред се посакувани.

Еден од популарните модели кој со својата продажба се потпира токму на едниците со дизел погон е и главниот адут на „BMW“ – „Seriеѕ 5“.

„Петката“ се нуди со вкупно пет верзии на дизел мотори, а стартува од најслабата „520d“ со 2.0-литарски агрегат од 190 KS и 400 Nm, преку „525d“ oд 231 KS и 500 Nm  и 3.0-литарскиот „530d“ oд 265 KS и 620 Nm.

Во врвот на понудата на овој баварски премиум модел се „540d“ со 320 KS и 680 Nm и екстремниот M550d со 400 KS и 760 Nm.

Секој од нив се карактеризира со различна моќ, забрзување, максимална брзина и нормално цената, но најмоќниот, најбрзиот и најскапиот не значи истовремено и најдобриот.

Aко се споредат бројките, победник е верзијата „530d“ која за нијанса е побавна од „540d“, a околу 32.000 eвра е поевтина од моќниот „M550d“.

За разлика во парите можете да си купите и основна верзија „Seriеѕ 2 Coupe“, нормално, дизел верзијата „220d“, или „тројка“ со три цилиндри, ако посакате и бензинец во гаражата (318i).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП