4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се жалат дека немаат работници

Германците се жалат дека немаат работници

Повеќе од половина од германските индустриски здруженија се пооптимистични за сопствената ситуација, отколку пред една година.

Тие повеќе не се загрижени за протекционистичките мерки на САД и oд „Брегзит“, покажа истражувањето.

Сепак, најголем проблем за компаниите во оваа земја се уште е недостатокот на обучена работна сила, според истражувањето на економскиот институт „IW“ со седиште во Келн, објави „Ројтерс“.

„Можностите за производство во германската економија би биле подобри ако се достапни повеќе обучени работници“, изјави директорот на „IW“, Михаел Хојтер.

Истражувањето покажа дека 26 од 48-те индустриски здруженија се поголеми оптимисти, отколку на крајот на 2016-та година и дека повеќе од две третини очекуваат зголемување на производството во следната година.

„И покрај протекционистичките мерки на американскиот претседател Доналд Трамп и перспективите за „Брегзит“, инвестициите во Германија оваа година се зголемија и понатаму ќе се зајакнат во 2018-та година“, се вели во соопштението на институтот.

Само два сектори се малку по песимистички – прехранбениот сектор, кој е загрижен за силната конкуренција и повисоките трошоци, како и секторот за кооперативно банкарство, кој е погоден од ниските каматни стапки и маргините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП