1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 17 години во САД забележан првиот пад

По 17 години во САД забележан првиот пад

Оптимизмот меѓу американските потрошувачи спласна во месец декември, откако претходниот месец порасна на рекордно ниво.

Индексот на довербата на потрошувачите во САД, кој го пресметува организацијата „Conference Board“, падна во декември на 122,1 поен од 129,5 поени во ноември, што, беше неговата најголема вредност од ноември 2000 година, пренесува американската мрежа BBC.

„Падот на довербата е последица на помалиот оптимизам во поглед на перспективите за вработување. Но, и покрај тој пад, очекувањата на потрошувачите и понатака се на рекордно високо ниво, што говори дека економскиот раст ќе продолжи и во 2018 година“, изјави директорката на оваа организација Лин Франко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП