27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија очекува раст и покрај Каталонија

Шпанија очекува раст и покрај Каталонија

Централната банка во Мадрид соопшти дека шпанската економија во последнот квартал од оваа година ќе порасне за 0,8 проценти.

Раст се очекува и покрај негативните ефекти од политичката криза во Каталонија.

Шпанската економија во 2017 година ќе порасне за 3,1 проценти, но владата ја намалила проценката за раст за следната година од 2,6 на 2,3 проценти поради несигурноста предизвикана со референдумот за независност на Каталонија.

Според наводите на Централната банка во Мадрид, за економскот раст најзадолжен е силниот извоз.

Националниот институт за статистика ќе ги објави следниот месец официјалните податоци за економскиот раст, а овие бројки се само проценка.

Шпанија излезе од рецесијата на крајот на 2013 година и е една од најбрзорастечките европски економии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП