29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена видливост на патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село

Намалена видливост на патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и осојничави места се бележат наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село поради појава на магла видливоста е намалена од 150 до 200 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП