13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот инспекторат за животна средина со засилени контроли

Државниот инспекторат за животна средина со засилени контроли

Инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина, во две групи, вчера беа на терен со цел да извршат зајакнати контроли на правните субјекти што поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи (А ИСКЗ), информираат од Инспекторатот.

Преку соопштение испратено до јавноста, од Државниот инспекторат соопштуваат дека активностите се преземени како резултат на прагот на алармирање за надминување на вредноста од 200 мг/м3 во текот на два последователни дена на ПМ 10-честичките во воздухот, дефиниран во уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, што бил надминат во Скопје на мерните места Ректорат и Лисиче и во Тетово.

Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека доколку биде потребно, инспекторските екипи ќе бидат зајакнати и со инспектори од другите градови во републиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП