17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЗ: Дијабетичарите да бидат спокојни, инсулин има

МЗ: Дијабетичарите да бидат спокојни, инсулин има

Министерството за здравство денеска реагираше преку соопштение во кое ја информира јавноста дека во земјава не постои инсулинска криза.

„Во однос на написите во неколку медиуми, Министерството за здравство ја информира јавноста дека во Република Македонија нема инсулинска криза. Министерството ги уверува болните од дијабетес кои имаат потреба од инсулин дека може да бидат спокојни бидејќи обезбедени се доволни количества преку донација од компанијата производител“, стои во соопштението.

Оттаму потенцираат дека проблемот што го имале неодамна бил причина Министерството да почне со изработка на ново законско решение и системско решавање на овој проблем со кој во иднина ќе се спречи појавата на слични проблеми бидејќи не смее да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец.

Реакцијата на Министерството следи по соопштението од здружението на лица со дијабетес „Шечерче – Лолипоп“ од Велес од каде во отворено писмо до премиерот Заев побараа лично да се ангажира да се реши кризата со недостиг на инсулин. Во писмото беше наведено дека ситуацијата е повеќе од сериозна бидејќи речиси цел месец нема инсулин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП