24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИгри без граници, театар и изложби на отворено за празниците во Охрид

Игри без граници, театар и изложби на отворено за празниците во Охрид

Новата локална самоуправа во Охрид во пресрет на празниците го започна проектот „Од 20-ти до 20-ти – Сите во Охрид“ кој ќе трае од 20 декември до 20 јануари 2018 година.

Основната интенција на оваа акција е да се опфати еден од најатрактивните периоди во текот на годината, надвор од главната туристичка сезона во Охрид. Ги опфаќа новогодишните празници, подоцна Божиќ, Стара нова година и секако Водици, кои се од исклучително значење за заедницата. Идејата е да се изгради манифестација која ќе носи сопствен печат, кој традиционално ќе се одржува и надградува секоја година. ќе трае полн месец и ќе ги опфати со посебна програма сите празници кои се слават во овој дел од годината, но и сите останати денови.

Главниот дел од настаните ќе се одвиваат на посебно уредени простори во Центарот на градот, на 5 различни сцени. Една од сцените е и кај новата Фонтана кај Мини маркет, со што дополнително ќе се дисперзира забавата во целиот град, кој во овој период во иднина е планирано да биде целиот град како една сцена.

Во склоп на програмата ќе имаме посебни сегменти како „Игри без граници“, театарски дел и изложби на отворено, „Од срце за Охрид“ – посебна акција за најмладите, трки на Дедо мразовци, трки на келнери, ден на виното, и многу други. Како една од најатрактивните содржини на овој месец на забавата во Охрид е и „Чоколадниот новогодишен свет“, посебна манифестација во склоп на главната, лоцирана на делот од „Бистро Корнер“ на влезот во чаршијата до фонтаната кај Чинарот. Овој дел е посебно украсен со чадори и тезги во центарот на улицата, а по започнувањето со работа ќе има и посебна бина, каде секојдневно ќе има музика, Дедо мраз и аниматори за најмладите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП