9 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на моделот Volvo V40 ќе има електрична верзија

Наследникот на моделот Volvo V40 ќе има електрична верзија

Новиот „Volvo V40“ ќе биде дизајниран според концептот „40.2“ кој беше претставен во јавноста во мај 2016-та, пишува „AutoExpress“.

Автомобилот ја дели механичката платформа со „SUV“ моделот „XC40“, a благодарејќи на меѓуосовинското растојание ќе има повеќе место во кабината во споредба со актуелниот „V40“. Модуларната платформа „Compact Modular Architecture“ (CMA) овозможува и употреба на нови четирицилиндарски мотори, бензинците „T4“ и „T5“, како и дизелите „D3“ и „D4“.

Оваа платформа е развиена со идеа да, покрај конвенционалните мотори во автомобилот може да се вградат и електрични погонски агрегати, па новиот „V40“ ќе има и „plug-in“ хибридна верзија, како и модел со чисто електричен погон.

„Volvo“ откри дека купувачите на располагање ќе имаат најмалку две опции, кога станува збор за големината и капацитетот на погонската батерија.

„Основната верзија ќе биде поевтина и овозможува помала автономија при возењето, додека поголемата батерија ќе биде поскапа, но ќе му обезбеди на автомобилиот поголем радиус на движење“, вели шефот на развојно-истражувачкото одделение на компанијата, Хенрик Грин.

„Volvo“ засега не откри кога наследникот на актуелниот „V40“ би можел да пристигне во продажните салон, но се очекува тоа да биде во 2019-та или 2020-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП