Еве неколку „старински“ методи чие време одамна прошло и нови методи кои ги заменија:
Ново: Способност за поделба на одговорноста меѓу вработените и доверба во нивната компетенција.
Старо: Вашата присутност во канцеларијата повеќе не е доволна.
Ново: Водство врз база на слушање, имплементација на презентирани идеи и следење на резултатите.
Старо: Преправање дека знаете се иако ги немате сите одговори.
Ново: Познавање на членовите од својот тим и доверба во нив дека ќе знаат да ја одработат работата без ваша интервенција.
Старо: Перфекционистички, без грешка, нетолерантно – некои мислат дека таквите методи се уште палат.
Ново: Учење од грешките или да се биде прв кој признава дека погрешил.
Старо: Таблиците го водат работењето и информираат за сите одлуки.
Ново: Луѓето ја водат работата, поттикнуваат лојалност кај клиентите и создаваат профит.
Старо: Конкурентноста е сувишна, треба само да ги извршиш наредбите и ќе опстанеш.
Ново: Вработување на луѓе кои даваат повеќе од потребното.
Старо: Инвестирање во технологијата за да се зголеми продуктивноста.
Ново: Инвестирање во луѓе.
Старо: Барање на промени, врз основа на многу конкретни упатства – каде, како и кога.
Ново: Негување на промените, луѓе кои постојано креираат нови идеи и се наградени за тоа.
Старо: Достава на брза храна.
Ново: Wellness на работното место.
Старо: Мотивација, плати го вработениот повеќе и тој повеќе ќе работи.
Ново: Награда, да се биде ценет е поважно отколку добро платен.
Запрашајте се кои „старински“ методи се уште ги користите? Охрабрете се и обидете се со нешто ново.