27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранците нема да можат да купат постоечки домови во Нов Зеланд од...

Странците нема да можат да купат постоечки домови во Нов Зеланд од 2018-та

Нацрт-законот, кој им забранува на странците да купуваат постоечки домови во Нов Зеланд, ја совлада својот прв пречка во парламентот на земјата, соопштува интернет изданието „propertywire.com“.

Забраната е дел од мерките што ги презема владата со цел да се подобри достапноста на домови за локалното население.

„Овој закон признава и потврдува дека купувачите од странство кои немаат намера да живеат во земјата, немаат право да купуваат станови. Нашата цел е да гарантираме дека пазарот на недвижности во Нов Зеланд се диктира од граѓаните на Нов Зеланд“, коментира министерот за финансиите на земјата, Дејвид Паркер.

Земјиштето за домување е веќе вклучено во категоријата „чувствителни средства“ во Законот за странски инвестиции. Нормативниот чин предвидува само граѓани и лица со дозвола за постојан престој во Нов Зеланд и Австралија да можат да купат постоечки домови без да ја минуваат проверката од страна на Канцеларијата за странски инвестиции.

Владата продолжува да ги поздравува странските инвестиции кои придонесуваат за Нов Зеланд, рече Паркер. Тој вели дека неговата земја сака да ги охрабри странските инвестиции, кои придонесуваат за економијата, но инвестициите во постоечки домови од луѓе кои немаат намера да живеат во земјата, не ја постигнуваат таа цел, освен ако не станува збор за нова градба, при што останатите домови се ставаат на продажба.

Според Паркер оваа промена нема да има сериозно влијание врз пазарот во блиска иднина, но би можела да изврши притисок врз цените во времето кога интересот на странските купувачи во земјата повторно се зголеми.

Законот се очекува да биде усвоен на почетокот на 2018-та година.

Со мерката ќе престане и продажбата на околу 2.500 станови во државна сопственост, чии станари очекуваа да имаат нови домови по празниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП