26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 едноставни трикови како да останете фокусирани во текот на работниот ден

4 едноставни трикови како да останете фокусирани во текот на работниот ден

Без оглед дали работите од дома или од канцеларија, на сите нас ни се случува понекогаш едноставно да не можеме да се фокусираме на обврските кои се наоѓаат на нашата денешна листа.

Причина за губиток на фокусираноста можат да бидат многу нешта – од разговорот со соработниците до чувството на замор, а кога за зголемување на фокусот не може да ви помогне ниту кафето, тогаш е време за овие чекори кои можете без проблеми да ги следите во канцеларијата.

Земете 5 минути одмор

Иако е малку контрадикторно да земате пауза кога имате толку работа, понекогаш малата петминутна прошетка, читањето на инспиративен текст, чашата вода или излегувањето на свеж воздух се одлична помош да ги средите мислите. Потоа размислете за обврските кои ве чекаат, колку време ви е потребно за нивно обавување и со насмевка на лицето фрлете се на работа!

Креирајте инспиративно работно опкружување

Важно е ништо да не ви попречува на работното место – мноштвото ливчиња, хартијата од храна или фактот дека е премногу мрачно во канцеларија. Секогаш внимавајте да имате чисто, осветлено, наредено и инспиративно деловно катче, односно биро или било што на што работите.

Оттргнете се од вашиот телефон

Прв чекор – стишете ги нотификациите. На секои 30 до 50 минути погледнете ги нотификациите на телефонот за да видите длаи има нешто итно, но, останатото време оттргнете се од телефонот за да не прегледувате бесцелно по фотографиите или социјалните мрежи.

Одредете си временски рок за секоја обврска

И бидете реални при калкулацијата. Послужете се со планер или мобилна апликација и креирајте дневен распоред со чија помош максимално ќе го искористите времето на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП