19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонија доби нов уникатен урбан симбол во срцето на метрополата-отворен комплексот Адора...

Македонија доби нов уникатен урбан симбол во срцето на метрополата-отворен комплексот Адора Flatiron Скопје

Во централната урбана зона на Скопје, синоќа беше отворен новиот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron, кој е круна на 15 годишното успешно работење на градежната компанија Адора инженеринг. Во присуство на голем број станари и гости, со хорска музика и голем огномет, објектот го пуштија во употреба генералниот директор на Адора инженеринг д-р Ванчо Чифлиганец, вицепремиерот во владата Кочо Анѓушев и поглаварот на МПЦ Архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан. Главната награда Mazda CX-3 ја добија најсреќните купувачи на стан во објектот, Ивана Митровска и Даниел Велиновски.

Првиот човек на Адора проф. д-р Чифлиганец порача дека објектот кој е резултат на над двегодишната пожртвувана работа на 400 вредни неимари и искусни стручњаци, е натпросечен по цврстината и сеизмичката стабилност, по стилот, дизајнот и стандардите за квалитетно домување, со што тој стана нов препознатлив урбан симбол, кој ја редефинира сликата на метрополата и остава силен печат на современо Скопје. Вицепремиерот Кочо Анѓушев порача дека владата креира поволна клима за економските проекти, а Чифлиганец го посочи за пример како може човек кој немал ништо, да создаде успешна бизнис империја.

Македонскиот Flatiron, на само 900 метри од Плоштад Македонија, кај месноста Стара Рампа е со висина од 58 метри, има 16 катови, мезанин и приземје, три влеза, 7 експресни лифтови и распоред по 6 станови на кат во влез, со што нуди хумано домување со приватност за станарите. Објектот има станбен дел со вкупна површина од 19.400 м², 234 модерни домови и 45 луксузни пентхаус станови, ексклузивен деловно-трговски центар со вкупна површина од 3.100 м² со 29 деловни простории и 394 паркиралишта на три подземни нивоа. Адора Flatiron Скопје е инвестиција од над 20 милиони евра, што е најголем поединечен инвестициски проект во високоградбата во Македонија во 2015 година, со економски обрт од преку 40 милиони евра во двете насоки. Во оваа „моќна“ зграда има вградено 25.000 м³ бетон и 2.500 тони железо, од 40 до 63 % повеќе железо, арматура и бетон од проектираното, а армирано-бетонската конструкција е 51,5 % над пропишаните стандарди и нормативи.

Централниот атриум во средишниот дел на објектот со пријатни декоративни елементи и покрив од стакло, освен сино небо и изобилство на природна светлина и свеж воздух, нуди врвна статика, што на станарите им гарантира спокој и безбедност во домувањето. Објектот Flatiron за врвната енергетска ефикасност збогатена со органска фасада, доби енергетски пасош А класа, со кој е верифицирано и користењето на обновливите извори на енергија, преку фотоволтаиците за осветлување на заедничките делови и ноќната илуминација. Адора инженеринг за прв пат во Македонија, во Адора Flatiron Скопје воведе систем на звучна изолација со индекс на звучна непропустливост од 53 до 68  db, далеку над македонските стандарди, за што станарите ќе добијат сертификат за акустичен комфор.

Комплексот Адора Flatiron, инспириран од култната њујоршка икона Fuller- Flatiron, изграден во рекорден рок од две  години, драстично ги подигна стандардите за квалитетно домување во Македонија, за што е добитник на интернационалната награда The Bizz 2016, во Монте Карло за иновативност во стилот и квалитетот во домувањето и националната награда за најдобри општествено одговорни практики од министерството за економија, за заштита на животната средина од еко и звучно загадување.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП