1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Улицата на радоста“ на плоштад „Македонија“ од утре со програма за најмладите

„Улицата на радоста“ на плоштад „Македонија“ од утре со програма за најмладите

„Улицата на радоста”, новогодишниот базар во организација на Град Скопје и Конгресен центар „Александар Македонски“, кој е поставен на плоштадот „Македонија“, на само неколку денови пред најлудата ноќ ќе биде збогатен со нови и интересни содржини, информираат од Градот.

Имено, од четврток па се до 30 декември, на плоштад „Македонија“ во два термина дневно (13 и 18 часот) најмладите ќе може да се забавуваат со Дедо Мраз и неговата дружина составена од Белата и Темната Кралица, Ангелите и Џуџињата. Станува збор за претставата „Дедо Мраз во пензија” која е збогатена со раскошни костими, убава музика и одлична актерска игра. Главните улоги ги играат Војо Цветановски, Тамара Ристоска и Маријана Станојковска.

Дополнително, ликовите од претставата задно со 12 музичари ќе направат голема новогодишна парада и заедно со дечињата ќе прошетаат по улица „Македонија“.

Традиционалното пристигнување на Дедо Мраз на плоштад „Македонија“ е закажано за 31 декември од 12 часот, а од Град Скопје велат дека се погрижиле и годинава тој да пристигне на необичен начин кој ќе биде изненадување за сите посетители.

Град Скопје ги поканува сите сограѓани и оние што ќе престојуваат во Скопје за празниците да ја посетат „Улицата на радоста” и да ја почувствуваат новогодишната магија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП