27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Русија и се „смешкаат“ 50 млрд долари, условот е само еден

На Русија и се „смешкаат“ 50 млрд долари, условот е само еден

Руското Министерство за финансии очекува 48 милијарди долари дополнителни приходи од продажбата на нафта и гас во 2018 година, доколку цената на нафтата остане на 60 долари за барел.

Ова го изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

„Со цена на нафтата која се движи околу 54 долари за барел, дополнителните приходи од нафта и гас ќе изнесуваат 2.000 милијрди рубљи. Со цена на нафтата од 60 долари за барел, приходите би достигнале околу 2.800 милијарди рубљи“, изјави Силуанов, пренесува руската агенција Тас.

Претходно беше соопштено дека во рускиот федерален буџет ќе се слеат 22-24 милијарди долари дополнителни нафтени приходи во 2018 година, доколку цената на тој енергент изнесува околу 50 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП