29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот ја дуплираше продажбата на графички картички

Биткоинот ја дуплираше продажбата на графички картички

Луѓето во целиот свет се повеќе купуваат преку интернет, а оваа година особено е забележан голем раст во купувањето на мебел и велосипеди, додека податоците од продавниците за графички картички докажуваат дека се зголемува трендот за „копање“ биткоини.

Податоците за 2017-та покажуваат дека најмногу се тргувало со мобилни телефони, компјутери и компјутерска опрема, апарати во домаќинството, како и авто делови и опрема за автомобили.

„Особено интересен делува податокот дека во текот на претходните 12 месеци значително порасна продажбата на скапи графички картички.

Без сомневање овој драматичен раст е предизвикан од масовното „копање“ на биткоини и други криптовалути, затоа што процесорите со моќни графички картички е главниот алат за оваа се популарна работа“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП