27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија ќе ја надмине американската до 2032 година

Кинеската економија ќе ја надмине американската до 2032 година

Кинеската економија ќе ја надмине американската до 2032 година, се вели во извештајот на лондонскиот Центар за економски и бизнис истражувања (CEBR).

Може да се каже дека е очигледно – Азија за петнаесетина години де стане доминантна сила во светската економија. Имено, до 2032 година три од четири најголеми светски економии ќе бидат од Азија – Кина, Индија и Јапонија.

Индија веќе следната година ќе ги претекне Велика Британија и Франција и ќе стане петтата најголема светска економија. До 2027 година ќе ја надмине и Германија и ќе го заземе третото место. За Индија во CERB прогнозираат дека во втората половина од векот ќе стане најголемата светска економија.

Јужна Кореја и Индонезија до 2032 година, ќе влезат меѓу десетте најголеми светски економии додека од тоа друштво ќе отпаднат Италија и Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП