19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија очекува раст од 80 отсто од приходите од нафтата до...

Саудиска Арабија очекува раст од 80 отсто од приходите од нафтата до 2023-та

Саудиска Арабија очекува приходите од нафта да се зголемат со околу 80 проценти до 2023-та година и да му помогнат на кралството да го пријави првиот буџетски суфицит по една деценија, тврдат извори запознаени со ова прашање, цитирани од „Bloomberg“.

Во рамките на шестгодишна програма за балансирање на буџетот, властите предвидуваат дека растот на цените на нафтата и производството ќе поттикнат приходите од продажбата на нафта до 801,4 милијарди риали (214 милијарди долари) од 440 милијарди риали во оваа година, тврдат изворите кои сакаа да бидат анонимни. Се предвидува дека цената на нафтата ќе достигне 75 долари за барел.

Приходите од ненафтените производи, ако се исклучат средствата од Јавниот инвестициски фонд, ќе се зголемат за 32 отсто до 337 милијарди риали, дополнуваат изворите.

Иако планот на принцот Мохамед бил Салман да ја трансформира економијата има за цел да ја намали нејзината зависност од нафтата во долг рок, повисоките цени на суровата нафта се во центарот на напорите за промовирање на раст, додека се преземат мерки кои ќе помогнат за зголемување на приходите од други извори.

Прогнозата за приходите од нафтата „изгледа како предизвик, со оглед на развојот на индустријата со шкрилци“, коментира Моника Малик, главен економист во „Abu Dhabi Commercial Bank“. „Силниот раст на приходите од продажбата на нафта од 2017-та година тешко дека ќе се повтори“.

Властите во Саудиска Арабија очекуваат производството на нафта да се зголеми од просек 10 милиони барели дневно во оваа година до 11,03 милиони барели во 2023-та година. За 2020-та година тие прогнозираат производството на 10,45 милиони барели дневно и генерирање на 605 милијарди риали приходи.

Министерството за финансии одби да коментира во врска со оваа тема.

Сценариото може да сугерира дека најголемиот извозник на нафта во светот во моментов не гледа потреба од продолжување на договорот за намалување на производството по 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП