ПочетнаЕКОНОМИЈАПретежно облачно време со магла по котлините

Претежно облачно време со магла по котлините

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во западните делови ќе се задржи умерено до значително облачно време, а во вечерните и ноќните часови ќе има појава на локален дожд. Претпладне, по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 7 степени.

Утре под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на повисоките места во западните делови. Во деновите од викендот како и за време на Новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП