20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа повисоките места сообраќајот се одвива по влажни коловози

На повисоките места сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и осојничави места се бележат наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму соопштуваат дека намалена видливост 50 – 100 метри поради магла има околу Струга, Струмица, Неготино и Демир Капија. Слаб дожд роси во Дебар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП