4 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“: „Турски тек“ се одвива според планот

„Газпром“: „Турски тек“ се одвива според планот

„Газпром“ постави повеќе од 650 километри од гасоводот „Турски тек“ по должината на двете линии, изјави претседателот на Управниот одбор на компанијата, Алексеј Милер.

„Почнавме со изградба на двете линии од поморскиот дел на гасоводот на рускиот брег, а моментно работиме во економската зона во Турција. Досега се изградени повеќе од 650 километри, што надминува 35 отсто од вкупната должина на поморскиот дел од гасоводот“, рекол Милер.

Изградбата на поморскиот дел на гасоводот почна на 7 мај. Проектот предвидува изградба на две линии со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Првата линија е наменета за турските потрошувачи и е планирано да се пушти во употреба во март в година.

Преку втората линија со гас ќе се снабдуваат земјите од јужна и југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП