3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува со работа новиот состав на Советот за рамномерен регионален развој

Почнува со работа новиот состав на Советот за рамномерен регионален развој

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, претседаваше со конститутивната седница на Советот за рамномерен регионален развој, чиј нов состав почнува со работа, информираат од Кабинетот на Анѓушев.

Вицепремиерот и министерот Фазлиу на седницата истакнале дека Владата ќе посвети особено внимание за поттикнување рамномерен регионален развој и дека ќе се работи на развојот на сите осум плански региони на подрачјата со специфични развојни потреби, како и за развој на селата за граѓаните да добијат подобри услови за живеење каде и да живеат. Констатирано било и дека ќе се изработи нова стратегија за рамномерен регионален развој со цел да се изнајдат решенија за недоследностите што се идентификувани со претходната стратегија.

На седницата бил разгледан и годишниот извештај за спроведување на акциониот план за спроведување на стратегијата за регионален развој на Република Македонија за 2016 година.

Од Кабинетот на Анѓушев соопштуваат дека на денешната седница бил утврден и конституиран составот на Советот, во кој, освен вицепремиерот Анѓушев, од Владата членуваат министерот за локална самопурава, Сухејл Фазлиу, министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Исто така, членови на Советот во согласностс со Законот за рамномерниот регионален развој се и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов, претседателката на Пелагонискиот Регион и градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, претседателот на Вардарскиот Плански Регион и градоначалник на Велес, Аце Коцевски, претседателот на Североисточниот Плански Регион и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, претседателот на Југозападниот Плански Регион и градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, претседателот на Скопскиот Плански Регион и градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски, претседателот на Југоисточниот Плански Регион и градоначалник на Струмица, Коста Јаневски, и претседателот на Источниот Плански Регион и градоначалник на Кочани, Николчо Илиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП