27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинималната плата во Шпанија ќе се зголеми за 4 отсто во 2018-та

Минималната плата во Шпанија ќе се зголеми за 4 отсто во 2018-та

Шпанската влада, работодавачите и синдикатите потпишаа денеска договор за зголемување на минималната плата со 4 проценти во 2018-та година, идејата е таа да достигне 992 евра до 2020-та година, пренесе „Франс прес“.

Генералниот секретар на работната комисија Унаи Сордо потсети дека Шпанија страда од процес на девалвација на платите за време на глобалната економска криза.

Договорот денеска предвидува зголемување на минималната плата од 825 на 858 евра во 2018-та година и постепено годишно зголемување на 992 евра во 2020-та година.

Овие годишни зголемувања ќе бидат направени додека економскиот раст не достигне 2,5 отсто, а создавањето работни места е 450.000 годишно, рече премиерот Маријано Рахој.

Според владините предвидувања оваа година, растот ќе изнесува 3,1 отсто, а нови работни места ќе бидат 600.000.

Во 2017-та година, минималната плата во Шпанија се зголеми најмногу до 30 години, откако владата се согласи на зголемување од 8 отсто.

По максимумот од 27 отсто во почетокот на 2013-та година невработеноста силно се намали до 16,4 отсто во третиот квартал, но останува втора највисока, по Грција меѓу земјите од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП