28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРА3 совети за пронаоѓање на првата работа

3 совети за пронаоѓање на првата работа

Aко сеуште не сте го добиле првото вработување или пак ги полагате последните испити, сигурно веќе сте размислувале како до првата работа. Што поскоро ги усвоите вештините кои се клучни за успех во деловниот свет, толку подобро за вас.

Првата работа доаѓа од мрежата на контакти

Многумина за жал, прекасно ја сфаќаат важноста на мрежата на контакти за равојот на кариерата. Запомнете, вашите колеги од факултетот исто така се вредни, сфаќаме дека тие се ваша конкуренција во наоѓањето работа, но за 5 години вие ќе сфатите дека навистина сте пресреќни работејќи во некоја компанија заедно со вашите колеги од факултетот. Затоа, обидете се од факултетот да излезете со што поголема мрежа на контакти кои редовно ќе ги одржувате. Вашите колеги можеби ќе се вработат пред вас и ќе ве препорачаат за некое работно место во таа компанија.

Следете ги компаниите на друштвените мрежи

Компаниите кои ви се интересни следете ги на друштвените мрежи. На тој начин ќе бидете запознаени со нивното работење и последните новости, така што ќе генерирате знаење кое ќе можете да го употребите ако ви се укаже прилика.

Притоа навистина е важно на профилите на компанијата да не коментирате со вашата полугола слика. Ако веќе сте се одлучиле да го користите Фејсбук за барање работа тогаш мора да го прилагодите и профилот за таа намена. Прилагодете ја приватноста и имајте контрола над тоа што другите можат да го видат на вашиот профил.

Планирајте го процесот за барање на работа

Направете листа на компании кои ви се интересни и листа на контакти кои можат да ви помогнат за секоја од нив. Контактот не мора да ве препорача, доволно е од него да добиете информација дали некое ново вработување е планирано и кога отприлика.

Молбата за работа посебно прилагодете ја за секоја компанија. Истото направете го и со биографијата. Водете евиденција кога и на кого сте му пратиле молба за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП