2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро стартува забраната за достава на стока од 7:30 до 18 часот

Наскоро стартува забраната за достава на стока од 7:30 до 18 часот

Измената на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на Скопје која ќе почне да се применува од почетокот на 2018 година се однесува за запирање за доставување стока во периодот од 7:30 до 18 часот, а не се однесува на движењето на возилата кои доставуваат стока, појасни на денешната прес-конференција Ваљон Салиху, портпаролот на Град Скопје.

„Советот на Град Скопје по препорака на Владата на Република Македонија минатата недела усвои измена на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на Скопје. Ова е една од 15-те итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. Со оваа измена се забранува доставувањето стока во потесното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот, заклучно со месец март, временски период од годината кога аерозагадувањето е најголемо. Одлуката се однесува за запирање за доставување стока во наведениот период, а не се однесува на движењето на возилата што ја доставуваат. Дополнително, оваа забрана не се однесува на фирмите што имаат сопствен простор за доставување стока, туку само за оние што за доставата користат улица или тротоар“ рече Салиху.

Тој додаде дека станува збор за мерка што ќе придонесе за намалување на застојот во сообраќајот, а со тоа се намалува и количеството на штетните гасови што се ослободуваат за тоа време.

„Свесни сме за непопуларноста на оваа мерка меѓу доставувачите на стока. Со дел од нив веќе остваривме средби со цел да ги надминеме непријатностите што им ги создава примената на оваа забрана. Бараме начин како да ги ублажиме евентуалните негативни последици од нејзината примена. Во истовреме, апелираме за разбирање од фирмите што имаат потреба од зачестена достава на стока и ги замолуваме да најдат начин да ја почитуваат забраната. Сепак, грижата за чистотата на амбиентниот воздух и за здравјето на граѓаните е наша заедничка грижа“, нагласи Салиху.

Салиху додаде дека само со заеднички сили и со организиран и координиран пристап може да го победиме загадувањето на воздухот, кое е голем непријател на здравјето на граѓаните.

„Секако ова не е единствена мерка, туку е една од 15-те итни мерки со кои се намалува загадувањето. Скопје е град за сите. Здравјето на граѓаните е наш врвен приоритет“, рече денеска Салиху.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП