18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТАВ: Во 2018 „ТУИ“ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид

ТАВ: Во 2018 „ТУИ“ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид

Холандскиот туроператор „ТУИ Холандија“ ќе воведе нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона в година, објавува ТАВ Македонија. „ТУИ“ ќе ги реализира летовите со нивната авиокомпанија – „ТУИ флај“.

„ТУИ“ веќе лета на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а сега ќе воведе втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Авионите на холандскиот туроператор ќе летаат на новата линија, секој понеделник и петок, почнувајќи од 11 мај до 21 септември, поврзувајќи ги аеродромите во Ајндховен и во Охрид.

„Среќни сме што ‘ТУИ’ ги проширува своите операции носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи повеќе туристи на прекрасната охридска ривиера. Се надеваме дека турите на ‘ТУИ’ ќе привлечат не само туристи од Холандија туку и туристи од други европски земји, коишто ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат редовни посетители“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што објавија официјалните претставници на „ТУИ“, сезонските летови од Ајндховен треба да донесат од 3.000 до 3.500 патници на охридскиот аеродром, додека вкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, „ТУИ“ очекува да донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро следната година.

Како што изјавија претставниците на „ТУИ“, на оваа линија ќе сообраќаат воздухоплови од типот Боинг 737-800. Моменталниот распоред на летање предвидува заминувањето од Ајндховен да биде во 11:00 часот, додека пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 13:35 часот. Од Охрид кон Ајндховен воздухопловите ќе заминуваат во 14:25 часот, а ќе пристигнуваат во Ајндховен преку Тиват во 18:50 часот.

ТАВ Македонија ги заврши првите 11 месеци од 2017 година со 13% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1,9 милиони патници (1.876.304) на двата македонски аеродрома – Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Во исто време, бројот на летови е зголемен за 7%, достигнувајќи вкупно 16.756 летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП