27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкрот во стил на Детроит ќе ги реши проблемите со долгот на...

Банкрот во стил на Детроит ќе ги реши проблемите со долгот на Кина

Кина треба да ги остави локалните влади да преземат одговорност за своите финансии, вклучувајќи да дозволат и банкроти, како дел од напорите за намалување на ризиците поврзани со долгот, посочува официјален претставник на централната банка на земјата, пренесува „Ројтерс“.

Централизирана државна контрола врз обемот на обврзниците на локалните влади треба да се отстрани, а одговорноста за издавање и отплата на долгот треба да се носи од градот или окрузите, кој всушност ќе ги користат средствата, коментира Су Џон, шеф на истражувачкото биро на Народната банка на Кина.

„Отстранувањето на централизираната државна контрола врз обемот на долгот на локалните власти ќе ги реши проблемите со локалните долгови“, рече Су.

„Дали обврзниците треба да се издаваат и по која цена – ова треба да ги дефинира финансиските пазари. Нема потреба да се грижите дека локалните власти хаотично издаваат долг“, додаде тој.

Врвното раководство на Кина одлучи на средба оваа недела да преземе конкретни мерки за зајакнување на регулирањето на државниот долг за следната година, бидејќи лицата одговорни за донесување одлуки, сакаат да ги намалат финансиските ризици со кои се соочува економијата.

Владата мора да ја разјасни одговорноста, вели Су. Се уште постои очекување дека централната влада ќе ги спаси оние кои имаат фискални проблеми, додава тој.

„Кина треба да го земе пример од банкрот на Детроит. Само ако дозволиме на локалните државни фирми и влади да банкротираат, инвеститорите ќе поверуваат дека централната влада ќе ја прекине имплицитно гаранцијата“, вели тој, нагласувајќи дека сепак социјалните услуги треба да бидат задржани.

Американскиот град Детроит премина низ најголемиот градски банкрот во земјата во 2013-та година со долг од 18 милијарди долари, се сеќава новинската агенција.

Су вели дека Кина треба да го укине системот за внатрешна миграциска контрола, бидејќи слободното движење на луѓе промовира еднаквите пристап до јавните услуги и помага за решавање на дисбалансите во финансии.

Сепак, Кина ќе мора да го зголеми ограничувањето на државниот долг, бидејќи вкупниот долг главно се користи за намалување на сиромаштијата, додека се контролираат трошокците за нови проекти.

„Финансиските институции не треба да обезбедуваат финансирање за проекти без извор на стабилен оперативен паричен тек или без соодветна штета“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП