3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ќе се збратими со Централната општина во Сараево

Општина Центар ќе се збратими со Централната општина во Сараево

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, остварил средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ, во нејзината резиденција, на којашто било договорено потпишување  спогодба за збратимување на Општина Центар со Централна општина во Сараево.

Од Општина Центар преку соопштение информираат дека Бабиќ му ја честитала на Богдановиќ победата на локалните избори и му посакала успешен мандат.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и се согласиле дека за Република Македонија е приоритет да продолжи со реформските процеси на сите полиња и со досега успешните чекори на патот кон ЕУ и НАТО.

Од Центар информираат дека била договорена соработка на повеќе полиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП