2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИмате само 10 минути - Како правилно да ги искористите со цел...

Имате само 10 минути – Како правилно да ги искористите со цел да оставите добар впечаток кај работодавецот

Првиот впечаток е многу важен и трае долго откако ќе ја напуштите просторијата.

Токму затоа, да научите како да оставате добар прв впечаток е од голема важност. Особено тоа важи за денешното време кога работните места се во се помал број, а кадидатите во се поголем број. Ви претставуваме неколку трикови, за кои би требало да размислите.

1. Една добра приказна

Ако имате само неколку минути за оставање на добар впечаток, подгответе една добра приказна, која ќе покаже дека ги имате сите потребни квалитети за таа работа. Можеби мислите дека треба да раскажете за сите работи кои сте ги работеле досега…Погрешно.

2. Став

Одете и седите исправено, бидејќи така ќе оставите впечаток на самоуверена личност, што е многу важно.

3. Насмевка

Погрижете се таа да биде присутна на вашето лице во текот на интервјуто, но и да биде едноставна и природна. Се повеќе од тоа, ќе изгледа неприродно и ќе остави впечаток на нервоза.

4. Боја

Додадете некаков моден детал во боја, но тоа да биде пристојно, со цел да се истакнете. Важно е само да не претерате.

4. Прецизни одговори

Заобиколувањето и развлекувањето на одговорите нема да ви помогне ниту на вас, ниту на работодавецот да го дознае точно она што го интересира, а тоа е една од најголемите грешки.

6. Страст

Ентузијазмот е заразен, а сите работодавци сакаат токму такви вработени. Нема полошо од тоа кога работодавецот ќе сфати дека личноста стигнала на разговор за работа, само затоа што таа работа ќе и ги плати сметките. Страствениот работник е оној кој внимателно работи, оној кој ќе преземе иницијатива и ќе донесе нешто ново.

7. E-mail

Потенцијалниот работодавец ќе има уште многу кандидати за работа, па не би било лошо дополнително да го потсетите со краток меил кој сте и што сте. Во него можете да искажете благодарност на укажаната прилика. Тоа сигурно нема да ви одмогне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП