3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМерните станици повторно алармираат на високо загадување на воздухот

Мерните станици повторно алармираат на високо загадување на воздухот

Синоќа во Скопје загадувањето беше на многу високо ниво. Мерните станици покажуваат дека концентрација на ПМ 10 честичките во текот на ноќта биле високо над дозволеното.

Во Лисиче во 21 часот биле измерени 577 микрограми на метар кубен што е над десет пати повисоко загадување од дозволеното.

Во Карпош најзагаден воздухот бил во 22 часот каде биле забележани концентрации на ПМ10 од 313 микрограми.

Во Центар беа измерени 197 микрограми.

Кај Ректорат концентрациите на ПМ10 честичките во 22 часот биле измерени 532 микрограми на метар кубен.

Воздухот бил многу загаден и во другите градови во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП