6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната не сака сопствена дигитална валута

Еврозоната не сака сопствена дигитална валута

Карл Лудвиг Тиеле, член на одборот на Бундесбанк, една од најголемите европски банки, потврди дека еврозоната не го разгледува воведувањето на дигиталната валута.

„Дигиталната валута на централната банка, која би била алтернатива за готовината, во моментов не е реална можност, ниту пак Бундесбанк планира во скоро време да ја воведе таа новина“, изјави Тиеле.

Изјавата е спротивна на претходната изјава на Јенс Вајдман, шефот на Бундесбанк, кој изјави дека дигиталната валута, која би била споредена со биткоинот, потенцијално би можела да биде безбедна алтернатива за граѓаните на Европа.

Тиеле, исто така, ги предупреди инвеститорите дека се можни големи загуби „Гледаме брзо зголемување на вредноста, што носи ризик и од брзи загуби“.

Европската централна банка веќе предложи регулирање на дигиталните валути како што е биткоинот, и покрај претходните изјави дека владата би била немоќна да ги регулира критовалутите.

И покрај отфрлањето на концептот на криптовалути во еврозоната, други земја сеуште го разгледуваат воведувањето на националните дигитални валути. На пример, Русија и Дубаи веќе работат на изработка на национални дигитални валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП