29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon, еден музички гигант

Amazon, еден музички гигант

Знаеме дека „Amazon.com“ стана виртуелен мега шопинг центар, креатор за секојдневниот живот и дом, и сериозен играч во забавната индустрија. Помалку познато е колку брзо онлајн трговецот стана клучен играч во дигиталната музика, анализира за „Bloomberg Businessweek“, Шира Овиди.

Пред малку повеќе од една година откако „Amazon“ започна да им нуди на луѓето пристап до музика преку стриминг за месечна претплата, компанијата сега е трета по големина дигитална музичка услуга по број претплатници по „Spotify“ и „Apple Music“ според аналитичарот Марк Мулиган од „Midia Research“. Тој тврди дека музичката услуга на „Amazon“ е на второ место во пласман на платените музички услуги, по „Spotify“ и пред „Apple Music“.

Ова е значителен пораст за новиот играч во индустријата. Минатата недела „Amazon“ ја направи својата музичка услуга достапна во 28 нови земји. Сето ова покажува колку „Amazon“ може да влијае на нова сфера. Ова може да биде застрашувачко за директорите во други области, како што се продажба на храна, здравство, малопродажба на облека и други, каде што гигантот веќе покажа интерес.

„Amazon“ дефинитивно не е првата компанија која нуди онлајн каталог на музика на интернет, но таа влезе на овој пазар со уникатен пристап. „Amazon“ отвори паметни начини да ја позиционира услугата под стандардните 10 долари месечна претплата за повеќето дигитални музички членства и успеа да стане голем дел од купувачите во онлајн продавницата на корисници на услугата за музика.

Членовите на шопинг програмата „Prime“ веќе неколку години имаат можност да слушаат неколку милиони песни без да плаќаат екстра.

„Amazon“ го заврши ова, но додаде опција „неограничено“ со поголем каталог на песни и повеќе функции по цена од 8 долари месечно за членовите на „Primer“. Цената за сите кои немаат претплата на „Primer“ е 10 долари. За 4 долари месечно, претплатниците на „Primer“ може да се претплатат и да слушаат само гласовни активирани колони „Echo“ на „Amazon“.

Производната сегментација на „Amazon“ и даде релативно евтини опции кои може да ги предложи на поголемиот дел од Американците, кои никогаш не плаќале за „Spotify“, „Apple Music“ и други постпејд услуги за слушање музика. Значи  „Аmazon“ заработува повеќе од луѓе кои купуваат на нејзините веб-страници или купуваат дискови или дигитална музика од „Amazon“, обидувајќи се да ги привлечат кон нивната стриминг услуга.

Како што е случај со многу иницијативи на „Amazon.“, големото прашање е што е крајната цел на музичката услуга. Дали компанијата се надева дека бесплатната и предложената по пониска цена музика ќе биде една од причините да станете член на „Primer“, или е опција за привлекување на повеќе купувачи на уредите „Echo“, или пак е трет сценарио, во кој таа сака да се направи голем чекор во светот на музичките настани и продажба на билети, како што сметаат дел од конкурентите?

Рајан Редингтон, директор на  „Amazon Music“, вели дека компанијата се обидува да го направи членство во „Primer“ попривлечно, како и да се поседува „Echo“. Компанијата, исто така, сака сопствена стриминг услуга на „Amazon“ да биде успешна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП