9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД го намали оперативниот буџет на ОН за 285 милиони долари

САД го намали оперативниот буџет на ОН за 285 милиони долари

Нарекувајќи го „голем чекор во вистинската насока“, постојаниот претставник на САД во ОН, Ники Хејли објави во неделата вечер историско намалување на двегодишниот оперативен буџет на ОН, соопштува „Fox News“.

Хејли рече дека планот ќе ги намали американските средства за 285 милиони долари за фискалната 2018-2019 година.

„Неефикасноста на ООН и преголемото трошење се добро познати“, рече Хејли. „Ние веќе нема да дозволиме злоупотреба на великодушноста на американскиот народ, или ќе остане неконтролирана“.

Таа додаде дека „тоа историско намалување на трошоците – во прилог на многу други иницијативи за едно поефикасно и одговорно ОН – е голем чекор во вистинската насока”.

Буџетот на ООН сега покрива период од две години, почнувајќи од јануари годинава.

САД сакаа буџетот за 2018-19 година да биде намален со 250 милиони долари во прилог на заштеда на 200 милиони долари веќе предложени од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутериш, пренесе АФП пред две недели.

Гутериш предложил намалување на дво-годишниот буџет на ОН до 5,4 милијарди долари со отпишување на 200 милиони долари за 2016-2017 година.

САД плаќаат околу 22 отсто од буџетот на ОН, или околу 3,3 милијарди американски долари и 28 отсто од мировниот буџет.

Оперативниот буџет на ОН е одвоен од овој за мировни мисии кој беше намален за 600 милиони долари во минатата година под притисок на претседателот Доналд Трамп.

Американскиот претседател се закани минатата недела да ја намали финансиската помош за земјите кои гласале за поддршка на резолуцијата на ОН, со која САД беа повикани да ја повлечат одлуката да прогласат Ерусалим за главен град на Израел.

Во гласањето, 128 гласаа за резолуција, против беа 9, а 35 земји се воздржаа, вклучително и пет земји-членки на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП