23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе бара итно решение за изградбата на автопатот Блаце – Скопје, како...

Се бара итно решение за изградбата на автопатот Блаце – Скопје, како и за изградба на експресен пат

Премиерот Зоран Заев оствари средба со претставници на Здружението на приватните стопанственици од индустриската зона Визбегово-Стенковец.

Работниот состанок, на кој присуствуваа и Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, како и градоначалниците на град Скопје и на општина Бутел, Петар Шилегов и Велимир Смилевски, беше целосно посветен на отворените прашања што треба да бидат решени за да почне изградбата на автопатот Блаце – Скопје, како и делницата од клучката кај обиколницата пред влезот во индустриската зона Визбегово до крстосницата со булеварот Словенија, која треба да биде изградена како експресен пат.

Договорено е за новиот експресен пат да биде подготвен нов проект кој на најмал можен начин ќе влијае на одредени отстапки на имотните парцели на стопанствениците што имаат објекти по должината на делницата. Заради безбедносни и други инфраструктурни потреби, договорено е општините Бутел, Карпош и Чучер Сандево, низ кои поминува делницата или ќе бидат вклучени со другите сервисни патишта и придружна инфраструктурна содржина, во најкус можен рок да пристапат кон изработка на детаљни урбанистички планови или да подготват измени и дополнувања на веќе постојните. Овие интервенции во ДУП-овите на општините и делумно и на градот Скопје се неопходни за да се обезбеди законска и врз основа на план подготовка и реализација на новиот проект за делницата од клучката на обиколницата, низ зоната Визбегово, до улицата Словенија.

На состанокот е договорено дека сите овие подготвителни интервенции ќе бидат спроведени со целосна поддршка на Владата, Министерството за транспорт и врски и во координација со Градот Скопје.

Забрзувањето на работите за реализација на автопатското решение од Косово кон Македонија, како и за изградба на експресниот пат како стратешки инфраструктурни проекти, е од огромно значење за домашните компании кои веќе работат во зоната Визбегово-Стенковец, како и за оние што покажуваат голем интерес да изградат стопански објекти во оваа зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП