3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо утре стабилно и суво време, од четврток дожд

До утре стабилно и суво време, од четврток дожд

До среда ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време за овој период од годината. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе има мала до умерена облачност.

Најстудено утрово во Битола, каде беше измерена температура од минус шест. Минус пет во Скопје Петровец и Берово, Демир Капија, Тетово, Куманово и Струмица со минус четири, Скопје Зајчев Рид и Гевгелија, со минус три, Претор, Крива Паланка, Дебар, Прилеп и Штип со минус два, Лазарополе минус еден, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Маврово е измерена снежна покривка од три сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопската котлина сончево со слаба магла и заматеност на атмосферата, преку денот со мала до умерена облачност. Температура до 10 степени.

Под влијание на влажен бран в четврток ќе биде облачно со повремен дожд, а на високите планини ќе врне снег. Претпладне врнежи ќе има на запад, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови.

В петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено, па слаб снег ќе има и на повисоките места, особено на запад. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и ветровито време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП