8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа да се спречи паркирањето на тротоарите во Центар поставени заштитни столпчиња

За да се спречи паркирањето на тротоарите во Центар поставени заштитни столпчиња

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат заштитни столпчиња на тротоарот на улицата Димитрие Чуповски од страната на објектот на Министерството за правда.

По барање на граѓаните, за да се овозможи непречено движење на пешаците по оваа пешачка патека, столпчиња ќе се наредат на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев до крстосницата со улицата Македонија. На терен досега се поставени 30-ина столпчиња, а преостанатите се очекува да бидат поставени до крајот на неделава, со што ќе се стави крај на непрописното паркирање на тротоарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП