30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови од Општина Центар денес без вода

Делови од Општина Центар денес без вода

Прекинато водоснабдување денес од 9 до 15.30 часот ќе имаат корисниците од дел од улиците Караорман, Загрепска, Леринска и Ловќенска во општина Центар.

Прекинот е поради поврзување на старата со нова водоводна мрежа со пречник ф-150 мм на улицата Караорман бр. 2, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известувањето од ЈП „Водовод и канализација“.

Од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од дел од улицата Аминта Трети во општина Центар поради отстранување дефект на водоводната мрежа со пречник ф-80 мм на таа улица. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП