9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА5 милијардери заработија над 20 милијарди долари во 2017-та

5 милијардери заработија над 20 милијарди долари во 2017-та

Двајца американци, исто толку кинези и еден французин. Најверојатно тоа се најпрофитабилните меѓу милијардерите, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

Најбогатиот човек во светот денес Џеф Безос го зголеми најмногу своето богатство во последните 12 месеци. Безос додаде 33,6 милијарди долари и веќе располага со 98.9 милијарди долари, а пред неколку дена уште еднаш ја помина и границата од 100 милијарди долари

Втората позиција е за Хуи Ка Јан, кој е претседател и најголем акционер во „China Evergrande Group“. Неговата компанија го искористи на неверојатениот начин од имотниот бум во Кина, а веќе има изградено над 500 локации во 180 кинески градови. Продажбата на неговата компанија за 2016-та година изнесуваат 31,8 милијарди долари, а неговото лично богатство денес се проценува на 33.3 милијарди долари или со 25.9 милијарди долари повеќе во однос на една година порано.

Французинот Бернар Арно додал 23,6 милијарди долари во 2017-та година, со што го зголеми своето богатство до 62.7 милијарди долари. Тоа му овозможи, не само да се искачи во топ 10, но и да ја заземе шестата позиција меѓу најбогатите луѓе во светот.

Бернар Арно контролира империја од над 70 брендови, меѓу кои „Dom Perignon“, „Bulgari“, „Louis Vuitton“, „Sephora“ и „Tag Heuer“, како и скоро 3.900 продавници, сите под капата на конгломератот за луксузни стоки „LVMH“.

Коосновачот на „Facebook“, Марк Цукерберг веќе ја зазема петтата позиција во најпрестижниот рејтинг во светот, откако располага со 73.1 милијарди долари, што е за 23.1 милијарди долари повеќе во однос на една година порано.

Исто со над 20 милијари долари оваа година се збогати и Пони Ма, кој го контролира еден од кинеските технолошки гиганти „Tencent Holdings“. Неговата компанија неодамна ја помина границата од 500 милијарди долари според пазарната оценка, а неговото лично богатство веќе е над 40 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП