3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА3 наслови на мејловите кои би требало да престанете да ги користите

3 наслови на мејловите кои би требало да престанете да ги користите

Насловот (subject) на мејлот е првиот впечаток кој некој го добива за вас и вашиот мејл. Потрудете се тогаш тој да биде добар.

Насловот на треба да биде долг, нека содржи само неколку зборови. Сепак, не е така едноставно како што изгледа. Сајтот inc.com дава примери за наслови на мејловите кои никако не треба да ги користите:

1. ИТНО!!! ВЕ МОЛАМ ПРОЧИТАЈТЕ!!!

Големи букви, па извичници – тоа не е добро. Ваквите наслови потсетуваат на спам-мејловите или на тоа дека сте многу очајни штом вака пишувате. Ако вашата порака е многу важна, тогаш така и означете ја. Така на примателот ќе му ставите до знаење дека е од голема важност да ја прочита, и тоа без големи букви.

Ќе ви користи и следново: Бидете одредени. Напишете што точно ви е потребно, како и до кога тоа ви е потребно.

2. (no subject)

Секогаш е подобро да имате било каков наслов, отколку да го немате воопшто.

Дали би прочитале книга без наслов на корицата? Дали би започнале презентација без воведен слајд? Веројатно не. Токму поради тоа, апсолутно ви е потребен наслов на мејлот кој ќе му овозможи на примателот додека го прегледува својот преполн инбокс, веднаш да стекне впечаток што ви е потребно.

3. Re:

Ваквиот наслов на мејлот можете често да го видите и тоа од страна на многу продавачи или ПР-и кои сакаат да го привлечат вашето внимание. На тој начин тие сакаат да го измамат читателот дека некој му одговара на мејлот.

Што би требало да користите наместо тоа: Само прескокнете го „Re“ и искористете оригинален наслов. Мејлот треба да биде едноставен и практичен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП