8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНочурак: Ги лекува раните и кашлицата, ја намалува желбата за алкохол

Ночурак: Ги лекува раните и кашлицата, ја намалува желбата за алкохол

Лековитите својства потекнуваат од алфа-линденската и гама-линденската киселина, а најмногу се користи маслото.

Ночуракот кој се одгледува и како украсна градинарска билка, во Русија се користи за лекување на рани, а од коренот се вари смеса против кашлица.

Уште грчкиот историчар и биолог Теограст, 300 години пред новата ера, заклучил дека нејзиниот корен, кога се консумира, ја намалува желбата за вино и други алкохолни пијалоци. Лековитите својства на ночурак потекнуваат од алфа-линденската и гама-линденската киселина.

Во фармацевтската индустрија и народната медицина најмногу се користи маслото од ночурак, кое се добива со ладно цедење на зрелите семки.

Во кулинарството се користат листовите и коренот од ночурак за јадењата. Листовите се берат на есен. Коренот од ночурак е розеникав, а вкусот потсетува на ротквиците. Се користи свеж, излупен, сварен или само измиен, како додаток во салатите и сендвичите. Може да се закисели и како туршија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП